Се повеќе луѓе тајно го ангажираат четботот ChatGPT да работи наместо нив

- Advertisement -

ChatGPT четботот со вештачка интелигенција и неговите способности не ги одушевуваат само научнциите, туку и се поголем број обични корисници, кои открија дека вештачката интелигенција може да ја врши нивната работ анаместо нив.

Така, во текот на пандемијата на корона вирусот, кога многу компании овозможија да се работи од дома, многу вработени тоа го искористија за да земат уште понекоја работа настрана. Но, некои претераа, па освен главната работа, прифатија уште неколку, кои требаше да ги вршат паралелно.

- Advertisement -

И токму кога помислија дека тоа ќе биде неизводливо, се појави ChatGPT и цела низа алатки кои користат вештачка интелигенција, пред се, за создавање различни текстови и кодови.

Американскиот портал Vice разговараше со неколку луѓе кои го препознале потенцијалот на алатките со вештачка интелигенција и почнале да ги користат за својата главна, но и за страничните работи. Некои од нив помагаат при промоцијата на нови производи на технолошки компании, односно да пишуваат извештаи, презентации, промотивни текстови. Откако почнале да го користат СhatGPT, нивната работа станала исклучително лесна.

- Advertisement -

ChatGPT обработува околу 80% од рнивната работа и откриваат дека го користеле ChatGPT и за пошување молби за барање нова работа.На пример, кога ќе добијат барање за создавање промотивен материјал за некој нов производ, му го објаснуваат контекстот на ChatGPT и му дава шема како да го формулира, а четботот потоа пишува главни насоки и им помага во смислувањето на текстот.

Велат дека едноставно на четботот му кажуваат да направи некаква приказна и тој го прави тоа врз база на дадениот контекст, но додаваат дека сепак мора да се провери тоа што го составил затоа што се случува погрешно да ги поврзе податоците. Сепак, се ситници кои лесно се поправаат.

- Advertisement -

Од останатите испитаници некои го користат ChatGPT за испраќање одговори на имејлови, други за фаќање белешки на состаноци на Zoom за во тој момент да може да работат нешто друго, за шишување техничка документација, но и за давање макронаредби во Excel. Сето тоа луѓето можат да го работат самостојно, но со ChatGPT можеат да го направат побрзо и поедноставно.

Интересно е тоа што сите соговорници од своите работодавци го кријат фактот дека користат ChatGPT за врпење на своите обврски. Користењето вештачка интелигенција не го сметаат за неморално, туку за паметна одлука која им помага во исто време да завршат повеќе работа и за истата да бидат платени.

(Vice)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -