Акциите на производителот на iPhone годинава скокнаа за 35% и наскоро можеме да очекуваме оваа компанија повторно да достигне вредност од 3 трилиони долари. Apple е четвртата компонента од комплексот FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix, Google) со најдобри перформанси, и заостанува зад Meta со добивка од, Alphabet со 41% и Amazon со 39%.
Apple досега ја покачи својата пазарна вредност од 690 милијарди долари. Сега компанијата на берза вреди 2,74 трилиони долари, покажуваат податоците на Yahoo Finance и им остануваат уште 9% до прагот од 3 трилиони долари.
Apple е највредната компанија котирана на берза, а веднаш зад неа е Microsoft со вредност од 2,38 трилиони долари. Apple си ја задржува цврстата позиција на пазарот, а корисниците со нетрпение го очекуваат претставувањето на новиот iPhone 15.
Оваа поизиција уште повеќе може да се зацврсти после конференцијата за девелопери Worldwide Developers Conference, која ја организира компанијата, а почнува на 5 јуни. Се очекува дека на неа Apple ќе го претстави новиот оперативен систем iOS 17, но некои обожаватели на брендот се надеваат дека конечно ќе бидат претставени и очила за проширена/виртуелна реалност, на кои се работи со години.
(Yahoo Finance)
(фото: Pick Pik)