ВИДЕО: Првиот пренос во живо од Марс

- Advertisement -

Утре, 2 јуни, придружете и се на Европската вселенска агенција на првиот пренос во живо на YouTube директно од Марс. Од агенцијата велат дека за прославата на 20-тиот роденден од постоењето на Mars Express ќе имаат прилика да му се прибилижат на Марс колку што е максимално возможно во моментот.

Приклучете се на преносот за да бидете едни од првите кои ќе може да гледаат нови слики на отприлика 50 секунди кои се емитуваат директно од VMC камерите на марсовскиот орбитер на Европската вселенска агенција.

- Advertisement -

Во текот на тој едноставен пренос во живо разликата во времето помеѓу сликите снимени од орбитата околу Марс и времето кога ќе се појават на вашиот екран дома ќе биде околу 18 минути. Тоа се 17 минути за светлината да патува од Марс до Земјата во нивната моментална конфигурација и околу 1 минута за да помине низ серверите на Земјата.

Во знак на прослава на долгиот и продуктивен живот на Mars Express тимовите на Европската вселенска агенција последните неколку месеци развиваат алатки кои ќе овозможат висококвалитетен пренос на обработени слики во живо во текот на еден час.

- Advertisement -

Сепак, од Европската вселенска агенција предупредуваат дека многу работи може да тргнат наопаку во текот на преносот.

„Ова е старакамера, првично планирана за инженерски цели, на оддалеченост од речиси 3 милиони километри од Земјата. Ова не сме го направиле досега и да бидеме искрени, не сме 100% сигурни дека ќе функционира. Но прилично сме оптимистични. Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се направени пред неколку дена. Возбудени сме да го видиме Марс каков што е сега“ велат од агенцијата.

- Advertisement -

Придружете се на #MarsLIVE преносот на 2 јуни на Youtube каналот на Европската вселенска агенција од 17:45 часот.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -