На 5 јуни SpaceX по 20-ти пат го лансираше вселенскиот брод Dragon со ракетата Falcon 9. Во рамките на мисијата CRS-28 за снабдување на Меѓународнста вселенска станица со потребните намирници исто така беа понесени и повеќе сателити CubeSats во ниската орбита на Земјата. Еден од нив, наречен Moonlighter, ќе биде искористен како експериментален уред за хакирање.
Малиот сателит ќе биде во фокусот на натпреварот кој се случува на годишната конференција за хакирање Def Con во Лас Вегас, која ќе се одржи подоцна годинава, во текот на кој тимовите ќе се натпреваруваат во инфилтрирање во софтверот на овој орбитален систем.
Изминатите три години американскатите воздухопловни сили го организираат натпреварот Hack-A-Sat на конференцијата Def Con. Hack-A-Sat има за цел да им помогне на експертите да ја подобрат сајбер безбедноста во вселената.
Досега натпреварот Hack-A-Sat беше само симулација, но годинава тимовите конечно ќе се обидат да се инфилтрираат во вистински сателит – Moonlighter. Сателитот, кој тежи отприлика 5 кг, е првиот таков во светот и претставува само уред создаден да се хакира во вселената.
На крајот од натпреварот Hack-A-Sat првите три тимови ќе добијат награди од 50.000, 30.000 и 20.000 долари.
Сајбер безбедноста предизвикува се поголема загриженост во вселенските операции изминатите години затоа што има се повеќе сателити кои обезбедуваат интернет услуги.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)