Цукерберг сака да вгради вештачка интелигенција во секој производ

- Advertisement -

Шефот на Metа, Марк Цукерберг, во текот на состанок со вработените во седиштето на компанијата зборуваше за фокусот на компанијата на вештаќката интелигенција и на позицијата на компанијата во AI трката. Цукерберг ги истакна проектите на Metа во генеративна вештачка интелигенција, која користи пишани упатства за создавање разговори и визуелни содржини.

„Минатата година видовме некои навистина неверојатни напредоци, квалитетни промени, во генеративната вештачка интелигенција и тоа ни дава прилика сега да ја преземеме таа технологија, да ја однесеме напред и да ја вградиме во секој наш производ. Ќе играме битна и уникатна улога во индустријата за овозможување на овие можности за милијарди луѓе на нови начини кои други луѓе нема да ги баправат“ порача Цукерберг.

- Advertisement -

Директорите на Metа се поделени во однос на интеграцијата на генеративни AI модели во мета вселената, односно иницијативата на Мetа за виртуелен свет. Разговараа и за тоа како вештачката интелигенција може да придонесе за создавање на 3Д визуелизација за мета вселената. Вработените добија пристап до интерните генеративни AI алакти за развој на прототипови, а организиран е и хакатон за претставување на AI проектите.

Meta планира да воведе услуга на Instagram која на корисниците ќе им овозможи да изменуваат фотографии со помош на текстуални прашања и да ги споделуваат со помош на Stories. Meta, исто така, има за цел да ги подобри своите услуги на Messenger и на WhatsApp со вклучување на софистицирани четботови со вештачка интелигенција со крајна цел забава на корисниците.

- Advertisement -

Што се однесува на истражувањето на вештачката интелигенција, Meta ја нагласува својата преданост во споделувањето на отворен код со заедницата. Меѓутоа, не посветуваат конкретно внимание на загриженоста на сенаторите Ричард Блументал и Џош Холи во врска со потенцијалната злоупотреба на јазичниот модел LLaMA на Metа.

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -