Kaspersky претстави ново издание на својот производ за безбедност на малите и средни бизниси, кој содржи опции кои ги имаат големите претпријатија, а е наменет за малите и средните бизниси. Опциите на Kaspersky Endpoint Security Cloud Pro вклучуваат анализа на главната причина, откривање и блокирање во облак, откривање на податоци и интегрирање на обука за сајбер безбедност за ИТ администраторите. Решението е базирано во облак со различни функционалности, поради што е лесно за употреба и им овозможува на компаниите да ги заштитат своите бизниси без да прават капитални инвестиции.
Според една неодамнешна студија на Kaspersky за состојбата на ИТ безбедност во организациите, малите и средните бизниси планираат да ги зголемат своите буџети за сајбер безбедност за до 14% во наредните три години. Двете главни причини за тоа се се посложената ИТ инфраструктура и потребата да го подобрат нивото на експертизата за безбедност во компаниите.
Како решение за таа потреба, Kaspersky ја претстави новата верзија на Endpoint Security Cloud Pro. Ова на малите и средните бизниси им дава различни можности за подобрување на сајбер безбедност во компанијата и едукација на ИТ вработените со напредни технологии. Решението во облак на компаниите им овозможува да управуваат со сајбер безбедноста преку конзола со многу автоматизирани сценарија, не бара инвестирање на капитал во хардвер и не сложено за инсталирање.
Вклучени програми за обука
Обуката на ИТ администраторите за сајбер безбедност е интерактивна обука за градење на силна сајбер безбедност и градење на врвни вештини за реакција на инциденти за генералните ИТ експерти. Курсот вклучува теорија, интерактивни задачи со симулирани средини и сертификат. Kaspersky Endpoint Security Cloud Pro содржи интегрирана обука во шест модули:
- Злонамерен софтвер;
- Потенцијални несакани програми и документи;
- Основи на истражување;
- Акција на инциденти со фишинг;
- Безбедност на сервер;
- Безбедност на активни директориуми.
Според статистиките за користењето на производите, Active Directory Security, Investigation Basics и Malicious Software се трите најпопуларни модули во изминатата година. Интеграцијата на овој производ во Kaspersky Endpoint Security Cloud Pro на компаниите им дава шанса да направат сеопфатна обука без дополнителни инвестиции во посебни oбуки и програми за ИТ експертите.
Широк опсег на опции за сајбер безбедност
Kaspersky Endpoint Security Cloud Pro вклучува широк опсег на функции кои помагаат лесно да се контролира и да се унапреди инфраструктурата за сајбер безбедност од кое било место и кој било уред. Анализата на главната причина и IoS скенирањето за превенција на непознати закани е алатка за сајбер безбедност која главно е достапна за големите претпријатија, а на корисниците им овозможува поголема видливост, лесни алатки за истражување и автоматизирана реакција на неидентификувани ризици. Исто така, открива широк опсег на закани и потеклото на заканите, за брзо да се ублажат последиците.
За да се избегне ризикот од пробивање на податоци и други инциденти со сајбер бзбедноста преку услуги и апликации од трети страни, корисниците можат да користат блок акции во Cloud Discovery. Ова овозможува истражување на Shadow IT во организацијата, да се контролира инфраструктурата и да се ограничат несанкционираните услуги во облак или одредени корисници на мрежата.
Со функцијата Data Discovery компаниите можат да користат предефинирани примери за идентификација на доверливи и чувствителни информации поврзани со Personally Identifiable Information (PII) и податоци за наплата. Алатката им овозможува на корисниците да ги изложат споделените податоци преку Teams, OneDrive и SharePoint Online со нивото на пристап (јавно, корпоративно и приватно) и да направат корекција на грешки за одржување на интегритетот на податоците и да ги исполнат целите за усогласување.
„Поради активното ширење на дистрибуирани тимови, бизнисите се префрлаат на решенија во облак, вклучувајќи и решенија за сајбер безбедност. Со Kaspersky Endpoint Security Cloud компаниите може да бидат сигурни дека сите крајни точки се заштитени, каде и да се – било да е тоа компјутер на вработени во канцеларија, лаптоп на далечина, телефон на експерт кој работи во движење. Обуките исто така се добар додаток на производоте затоа што веруваме дека ИТ администраторите одговорни за ИТ инфраструктурата на малите и средните бизниси се заинтересирани за напредок на полето на сајбер безбедноста и имаат потреба од обуки за да ја подобрат својата експертиза. Со Kaspersky Endpoint Security Cloud Proкомпанијата добива две решенија во едно: заштита во секое време и подобрување на експертизата на ИТ експертите” вели Кирил Литвин, виш менаџер за продукт маркетинг во Kaspersky.
За да дознаете повеќе какви опции ви нуди Kaspersky Endpoint Security Cloud, следете го овој линк. За да ја испробате пробната верзија, посетете ја страницата Kaspersky Business Hub.