Twitter изгуби половина од приходите од реклами

- Advertisement -

Илон Маск објави дека Twitter, кој го купи минатиот октомври за 44 милијарди долари, изгубил отприлика половина од приходите од реклами.

„И понатаму сме во негативна финансиска ситуација поради падот од околу 50% на приходите од реклами и големото оптоварување со долгови“ напиша милијардерот на Twitter во одговор на едно прашање од корисник кој му давал стратешки предлози за социјалната мрежа.

- Advertisement -

Маск вели дека Twitter треба да се врати во позитивната сфера на работата пред да го има луксузот да прави некои промени. Промените кои досега ги направи Маск предизвикаа незадоволство кај корисниците на социјалната мрежа, како и кај огласувачите.

во мај годинава компанијата Insider Intelligence наведе дека предвидува дека Twitter ќе заработи помалку од 3 милијарди долари во 2023 година, што отприлика 1/3 заработката во 2022 година. Оттогаш досега Маск објави повеќе информации кои не им се допаднаа на корисниците на мрежата, како тоа дека на почетокот на јули планираше да го ограничи читањето на твитовите на 10.000 дневно за проверените профили, односно за оние кои плаќаат, а на 1.000 за другите и само на 500 за новите профили.

- Advertisement -

Неколку дена подоцна тој објави дека апликацијата TweetDeck, која главно ја користат професионалци, ќе биде резервирана за проверени профили, односно за оние корисници кои плаќаат. Промените беа воведени кога апликацијата Threads на конкурентската компанија Meta привлече на 100 милиони корисници за само 5 дена од лансирањето. Станува збор за првата поголема закана за Twitter откако Маск ја презеде платформата.

Бројот на корисници на Threads е далеку помал од тој на Twitter (од 200 до 350 милиони корисници), меѓутоа апликацијата на Meta може да ја искористи интеграцијата со Instagram, која има околу 2 милијарди активни корисници.

- Advertisement -

Илон Маск тргна во контранапад и преку адвокатите на матичната компанија на Twitter, XCorp, па испрати писмо до Metа во кое ја обвинува компанијата дека ги прекршила индустриските тајни и правото на интелектуална сопственост. Матичната компанија на Facebook е обвинета дека регрутирала десетина поранешни вработени во Twitter.

(N1)

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -