Легализацијата на марихуаната доведе до опасни појави, особено меѓу децата

- Advertisement -

Како причина за се поголемиот број случаи на труење со канабис австралиски истражувачи ја наведуваат неговата декриминилизација. Тоа нивно тврдење е резултат на 30 посебни студии за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутните труења кои ги анализирале истражувачите од Универзитетот Сиднеј, а студијата ја објавиле во списанието Addiction.

Резултатите икажуваат на општ пораст на стакпата на труење со канабис после неговата легализација или декриминализација. Очигледен е и порастот на труење меѓу децата, со оглед на тоа дека се ублажени правилата, па на пазарот има се повеќе грицки кои содржат канабис.

- Advertisement -

Изгледа дека се поголемата достапност и консумирањето продукти со канабис значително влијаат за зголемен број на труења, особено меѓу децата, вели Роус Кернис од Универзитетот Сиднеј и особено предупредува на користењето гумени бонбони и чоколада со канабис.

Општо гледано, консумирањето канабис наместо пушењето канабис носи и поголем ризик од труење затоа што некои луѓе се склони да консумираат големи количини продизводи со канабис. Треба да се има на ум дека кога станува збор за консумацијата на канабис, потребно е повеќе време за да почнат да се манифестираат ефектите.

- Advertisement -

Труењето со канабис може да предизвика летаргија, поспаност, вртоглавица, висок крвен притисок, срцебиење, тахикардија, мачнина, повраќање, раздразливост и вознемиреност. Тешките случаи може да резултираат и со кома.

Истражувањето и анализата го опфатиле регионот на Северна Америка. Таму во 26 држави и администратвни региони дозволена е рекреативна употреба на оваа дрога. Ист е и случајот со Канада.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -