НАСА лансира сопствена стриминg платформа

- Advertisement -

НАСА ја стартува платформата NASA+, која ќе донесе мноштво нови емисии кои ќе бидат бесплатни и нема да се прекинуваат. НАСА ги унапредува своите дигитални платформи за доброто на сите со обновувавње на своите водечки и научни веб страници, со додавање на својата прва услуга за стримување на барање и со надградба на апликациите на НАСА. Покрај овие промени, секој ќе има пристап до новите содржини на вселенската агенција.

Корисниците сега можат да пристапат до ран преглед на бета страницата која е во тек и се поттикнуваат да ја посетат и да испратат повратни информации на https://beta.nasa.gov/.

- Advertisement -

„Нашата визија е да го инспирираме човештвото преку уникатно НАСА веб искуство од светска класа. Ова ни е прилика драматично да го подобриме корисничкото искуство за јавноста на која и служиме. Модернизацијата на нашите главни веб страници од технолошка гледна точка и поедноставувањето на мрежата се клучние први чекори за информациите од нашата агенција да станат попристапни и позабележани“ велат од НАСА.

Тие додаваат дека ќе продолжат да ја ажурираат и да ја подобруваат ебта страницата врз основа на повратните информации кои ќе ги примаат. Откако ќе биде стартувана целосната верзија, онлајн содржини од избрани веб страници ќе бидат вклучени во новото искуство за да се осигура полесен, интегриран пристап до информациите на НАСА, кои моментално ги има на многу веб страници.

- Advertisement -

Подоцна годинава НАСА ќе ја лансира и својата платформа за стриминг, NASA+., и ќе ја надгради апликацијата на НАСА. Преку услугите за стриминг без реклами, без надомест и прилагодени на семејството, корисниците ќе добијат пристап до пренос во живо кој агенцијата го доби со наградата „Еми“, како и до оригиналните серии на НАСА, вклучувајќи и мноѓтво нови кои ќе почнат кога ќе стартува платформата.

NASA+ ќе биде достапна на поголемите главни платформ преку NASA App на iOS и на Android мобилни и таблет уреди; уреди за репродукција на медиуми како што се Apple TV и Fire TV и на веб преку десктоп и мобилни уреди.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -