Речиси половина од јапонските компании вработуваат луѓе постари од 70 години

- Advertisement -

Во Јапонија расте побарувачката за работно способни сениори. Минатата година во Земјата на изгрејсонцето работеле 6,39 милиони луѓе постари од 65 години, додека вработени кои влегле во осмата деценија од животот имало во дури 40% од јапонските компании.

Според податоците од јапонското Министерство за здравство, труд и социјална политика, минатата година дури 40% од јапонските компании имале работници постари од 70 години. Тој процент е во нагорна линија последните 10 години.

- Advertisement -

Јапонската влада закоснки им овозможи на компаниите да ја укинат старосната граница за одење во пензија ако сакаат, опција која ја избраа некои од нив, па сега има и компании кои вработуваат и луѓе постари од 80 години. Тоа особено се однесува на продавници и угостителските објекти.

Според податоците на Министерството за почви, инфраструктура, сообраќај и комуникација, во Јапонија во 2022 година работеле 6,39 милиони луѓе постари од 65 години, што е 10,6% од вкупната работна сила на оваа островска земја. За споредба, тој процент во САД е 7%, а во Германија само 4%.

- Advertisement -

Основната причина за високиот процент сениори кои денес работат во Јапонија е стареењето на популацијата после повеќе децении ниската стапка на наталитет и намалување на работоспособната популација (15-64 години). Имено, во Земјата на изгрејсонцето речиси 30% од популацијата се постари од 65 години и поради тоа тоа Јапонија ја има најстарата популација во светот.

Освен тоа, Јапонците имаат долг просечен животен век и по тоа се меѓу првите три места во светот. Моментално просечниот животен век за мажите Јапоници е 81 година, а за жените е 87 години.

- Advertisement -

Најчестата опција која ја избираат компаниите во Јапонија е пензионирање на 65 години, но владата и медиумите на оваа островска земја се повеќе зборуваат за тоа дека човечкиот животен век наскоро ќе биде 100 години и дека ако не се помести старосната граница за одење во пензија, населението ќе поминува се повеќе години во пензија, што е голем предизвик за пензискиот и здравствениот систем на земјата.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -