ВИДЕО: Ова е првиот телефон со кој може да се паркира автомобил

- Advertisement -

Кинеска автомобилска компанија го претстави својот прв смартфон, кој носи 30 опции наменети исклучиво за управување со некои опции во нивните возила. Откако некои мобилни компании се одлучија да навлезат на пазарот за електрични автомобили, како што се Xiaomi и Huawei, во последно време се забележува и обратен тренд. Така, производителите на електрични автомобили сега влегуваат на пазарот за паметни телефони.

Кинеската компанија Nio вчера го претстави својот прв паметене телефон, кој е специфичен по некои опции кои се наменети за сопствениците на нивните електрични автомобили. Така, Nio Phone може да се користи како клуч за автомобило, но преку телефонот сопственикот може да му нареди на автомобилот да се паркира самиот, односно да дојде од паркинг до каде што се наоѓа сопственикот. Оваа опција е достапна само на кинескиот пазар и може да се користи на ограничени простори и при мали брзини.

- Advertisement -

Новиот телефон има дури 30 фунцкии кои се специфични само за нивните автомобили. Од кинеската компанија се надеваат дека со своите уреди ќе почнат нов тренд во индустријата, како и дека многу нивни конкуренти ќе извлечат поуки од нивните инвоации на пазарот за паметни телефони.

Овој телефон работи на Android 13 и има закривен ОЛЕД екран со дијагонала од 6,8 инчи, а има и чипсет Snapdragon 8 Gen2. Од задната страна има три камери – главниот сензор од 50MP со оптичка стабилизација, ултраширок сензор од 50MP и телефото сензор од 50MP. Капацитетот на батеријата е 5200 mAh, а поддржува и брзо полнење од 66W.

- Advertisement -

Беа претставени три верзии на телефонот: 12GB RAM и 512GB, односно 1TB простор и премиум верзијата со 16GB RAM и 1TB простор за складирање, а цените ќе се движат од околу 900 до 1.030 долари. Телефоните ќе бидат достапни само на кинескиот пазар, а ќе влезат во продажба од крајот ан овој месец.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -