Речиси е сигурно дека постои и деветта планета во Сончевиот систем

- Advertisement -

Астрономи се уверени дека уште една планета, веројатно слична на нашата, е на работ на Сончевиот систем. Отако астрономи во 2006 година го одзедоа статусот на планета што го имаше Плутон и го претворија во џуџеста планета, нашиот сончев систем официјално има само осум планети. Астрономите се речиси сигурни дека има девет планети, односно дека постои една вистнска планета која ја нарекуваат Планета 9 или Планета Икс.

Причината зошто мислат дека е дека сончевиот систек каков што го познаваме едностацно нема смисла без неа, пишува астрономскиот портал Inverse.com. Кога го надгледувале Кајперовиот појас, областа во која се наоѓаат главно астероиди и џуџести планети, надвор од орбитата на наоддалечената планета Нептун, откриле дека нешто влијае на движењето на објектите во него.

- Advertisement -

На сите објекти во универзумот влијае една од основните сили во природата – гравитацијата. Преку таа сила, која се јавува во присуство на маса, сите на некој начин сме поврзани едни со други, затоа што преку неа го чувствуваме влијанието на други објекти во околината, дури и многу оддалечени. Поради влијанието на гравитацијата ние стоиме цврсто на земја, планетите кружат околу своите матични ѕвезди, а галаксиите околи нивните центри.

Кога астрономите направиле компјутерско моделирање на гравитациските сили потребни за објектите во Кајперовиот појас да се движат, откриле дека за тоа би била потребна најмалку десет пати поголема планета од Земјата.

- Advertisement -

Научниците Патрик Софија Ликавка од Универзитетот Киндаи и Такаши Ито од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија утврдиле дека најдоброто објаснение за движењето на објетктите во Кајперовиот појас е досега невидена, неоткриена планета поголема од Земјата, која кружи околу Сонцетот, на оддалеченост од 250 до 500 пати поголема од оддалеченоста на Земјата од Сонцето. Тие својот труд го објавија во весникот The Astrophisical Journal.

Проблемот е во тоа што оваа планета, ако постои, е толку мала и толку оддалечена од сонцето што шансите да ја видиме се исклучително мали. Светлината од Сонцето, која би се рефлектирала од неа, би била толку слаба што би било тешко да се види дури и со најдобрите телескопи што ги имаме. Освен тоа, исто така е неопходно да се најде најдоброто време за набљудување – ведра ноќ без Месечина и вистинската локација.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -