Четири интересни факти за недвижностите

- Advertisement -

Самата помисла за купување на нов дом освен добрите и позитивни мисли можно e да предизвика чувство на стрес, возбуда и хаос. Во денешно време, најголемиот предизвик е точно наоѓањето на вистинскиот дом. Истражувањата покажуваат дека 53% од купувачите чувствуваат стрес пред да почнат со процесот на пронаоѓање на вистинскиот нов дом. Колку подобро самиот купувач ги знае и е свесен за фактите за невижен имот, толку полесно ќе може да донесе подобра одлука за инвестирање.

Ако се направи добро истражување во однос на пазарот на недвижнини, процесот на купување нема да биде хаотичен како што би размислувале поголем дел од купувачите. Навистина постојат доста интересни факти кога станува збор за недвижностите кои може да Ве изненадат.

- Advertisement -

            Во продолжение Ви преставуваме четири забавни факти за недвижностите од светот и од нашата земја, што сметаме дека се корисни и интересни кога станува збор за трендовите на недвижнини без разлика дали станува збир за купување или продавање.

1. Раст на побарувачката за втор дом достигнува 99%

Купувањето втор или трет дом станува се по популарно. Од 2015 година, побарувачката за втор дом порасна дури за 99%. Интересно е што во Америка процентот на вкупен број на луѓе што поседуваат втор дом е 5,5 % од вкупниот станбен фонд, одностно 7,5 милиони луѓе имаат втор дом. Не е воопштo зачудувачки фактот што како место со најголем број на имоти регистрирани како втор дом се појавува токму Флорида со 1,1 милиони имоти.

- Advertisement -

2. 1 од 10 Американци го продаваат својот дом поради паранормални активности

            Смешно но вистинито, дали сте знаеле дека голем број на луѓе во Америка изјавиле дека мислеле нивната куќа е опседната пред да ја купат. Интересно е што законите во Америка овозможуваат да купувачот биде запознаен со овие околности пред да го купи станот. За нас, тоа можеби би звучело смешно, но, според истражувањето спроведено од Cinch Home Services фактите зборувале дека 1 од 10 Американци го продаваат својот дом токму поради овој факт. Агентите за недвижнини стапувале во контакт со религиозни личности со дел са можат полесно да се справат со нивните клиенти кои се плашат пред да одлучат да продадат недвижен имот.

3. 50% од средновековните инвеститори избираат да инвестираат во недвижен имот

Се поголем број на средновековни инвеститори избираат недвижен имот наместо берзите за влог. Согласно направените истражувања, резултатите од анкетите покажале дека 85% од луѓето се согласуваат дека недвижниот имот несомнено е добра инвестиција. Поседувањето на недвижен имот е доста попривлечна и постабилна опција во споредба со акциите на берзата.

- Advertisement -

Но не е и многу зачудувачки фактот што помладата генерација е помалку фокусирана на купување на својот прв дом, а тоа би значело дека трошат повеќе време заштедувајќи за депозит. Сепак интересен е фактот што иако средновековните луѓе стануваат се позаинтересирани за пазарот на недвижнен имот, младата генерација е со поседува најголемо богатство кога станува збор за недвижнини.

4.  Продажба на недвижности во Скопје, Македонија

Се продава стан во Скопје, тоа е една од најчестите реченици кои ќе ги сретнете на социјалните мрежи за Скопје, а потоа следуваат прашањата од типот ,,Цени на станови во Скопје”, големина на стан, локација на стан и така натаму. Купувачите се свесни дека цените се покажуваат доста големи различности во зависност од локацијата, големината и состојбата на недвижниот имот. Во најпопуларните делови на градот, како Центар или Дебар Маало, цените за станови се поскапи, бидејќи нудат одлична локација како и достапност до сите удобности на централниот градски живот. Наспроти тоа становите во Скопско подрачје и околината, во поголем број на случаи се пониски и поевтини. Кога станува збор за цените на станови во Скопје можат, факт е дека тие варираат од неколку илјади евра до неколку стотици евра за квадратен метар. Сопствениците на недвижен имот кои сакаат да го продадат тоа го реализирата преку агенции за недвижности или на интернет платформи за огласување како што е Пазар3, каде можат да се најдат бројни огласи за станови. Изборот на стан зависи од буџетот и потребите на купувачот, а пазарот на недвижности во Скопје нуди најразлични можности за инвестирање во недвижен имот.

На крај може да се каже дека иако трендовите во светот и кај нас покажуваат доста различности сепак едно нешто е исто секаде а тоа е дека одлуката за нов дом зависи од потребата и од буџетот на купувачот.

Фото линк: https://unsplash.com/photos/QL7KdXdcfWA

Сподели!
- Advertisement -