За само една година исчезнале 4% од мразот на швајцарските глечери

- Advertisement -

Швајцарските глечери годинава изгубиле дополнителни 4% од својата тежина, што е втората најголема загуба на мраз во историјата, после минатогодишното рекордно топење од 6%. Статистичките податоци доаѓаат во годишниот извештај на Швајцарската мрежа за следење на глечерите (Glamos), чиј тим од истражувачи со години следи над 1.400 швајцарски глечери.

- Advertisement -

Тие предупредуваат дека сега може да е премногу доцна за спасување на многу аплски ледени полиња, дури и ако се остварат климатските цели.  За само 2 години швајцарските глечери имаат изгубено 10% од својата вкупна тежина, колку што изгубиле во период од три децении претходно од 1960. до 1990. години.

Глациолозите кои го мерат мразот не ги теши фактот дека годинашното топење е нешто помало од минатогодишниот рекорд. Напротив, велат дека ова сепак е втора најнегативна година од почетокот на мерењето. Ужасно е да се види дека овој минатогодишен екстрем само се повторува, велат тие.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека губењето на мразот е предизвикано од оследователните топли лета и многу малите снежни врнежи минатата зима. Ако овие временски услови продолжат, топењето на мразот само ќе се забрза. Некои од помалите швајцарските гечери веќе исчезнале досега. Годинава истражувачите престанаа да го следат глечерот Сент Анафирм, затоа што повеќе нема мраз за мерење.

Другите се намалуваат толку брзо што малку е веројатно дека може да се спасат, дури и ако глобалните температури се држат во границата од Парискиот климатски договор од 1,5 степен. Без драстично намалување на стакленичките гасови поврзани со глобалното затоплување, експертите за глечери предупредуваат дека дури и поголемите глечери како што е Алеч, чиј мраз сега е наместа дебел 800 метри, може да изчезнат во рок од една деценија.

- Advertisement -

Според научниците, ако не дојде до ублажување на климатските промени, ќе ги изгубиме сите глечери на Алпите до 2100 година.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -