Nokia најави до 14.000 откази во наредните три години

- Advertisement -

Финскиот телекомуникациски гигант Nokia треба да отпушти од 9.000 до 14.000 вработени до крајот на 2026 година за да скрати на трошоци. Најавата следува откако компанијата пријави пад на продажбата од 20% од јули до септември годинава.

Компанијата како причина за тоа ја наведе намалената побарувачка за 5G опрема на пазарите како Северна Америка. Моментално има 86.000 вработени ширум светот, а отпушти илјадници луѓе од 2015 година досега.

- Advertisement -

Nokia порано беше најголем производител на телефони во светот, но не успеа да ја предвиди популарноста на телефоните со екран на допир со можност за поврзување на интернет, како што се Apple iPhone и Samsung Galaxy, па ривалите ја истурката компанијата од врвот.

Откако го продаде својот бизнис со телефони на Microsoft, Nokia се концентрираше на телекомуникациската опрема. За потсетување, Nokia во 2020година склучи 5G договор со BT за целосно да го укине Huawei во EE мрежата. Nokia тогаш обезбеди дополнителни базни станици и антени кои им овозможуваат на уредите на корисниците на EE да упатуваат повици и да пренесуваат податоци преку 5G радио пристапни мрежи на британската компанија.

- Advertisement -

Производителите на 5G опрема се плашат затоа што операторите во САД и во ЕУ ја намалија потрошувачката. Претходно оваа недела шведскиот ривал Ericsson, исто така, пријави пад на продажбата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -