Измислен бетон кој сам си ги поправа дупките

- Advertisement -

Иако сите мислиме дека бетонот е цврст и долготраен, може да биде многу осетлив на временските услови, поради кои во него се создаваат пукнатини кои со тен на време можат да доведат до големи оштетувања.

Научници од американскиот Универзитет Дрексел од Калифорнија развија бетон кој сам си ги затвора пукнатините благодарение на биофибер влакната кои користат бактерии за затворање на пукнатините уште додека настануваат.

- Advertisement -

Овие полимерни влакна не делуваат само како физичко засилување, туку имаат битен двоен живот како механизам за самолекување. Влакната се обложени со слој на хидрогел кој содржи ендоспори, успиена форма на бактерија која може да поднесе екстремни средини, а потоа се оживуваат кога условите стануваат попријатни.

Технологијата е развиена преку соработка на катедрите за градежништво, архитектура и инженерство за заштита на околината, за машинство и механика и за науки и инженерство на материјали, на чело со докторскиот кандидат Мохамед Хаусманд.

- Advertisement -

Биофибер бетонот може да се користи како и секој друг, но неговата тајна супер моќ доаѓа до израз кога ќе се појави пукнатина. Кога водата ќе дојде до пукнатината, хидрогелот ќе се прошири и ќе излета од лушпата, излегувајќи до површината. Во овој процес се будат заспаните бактерии и почнуваат да се храната со јаглерод и калциум од бетонот околу себе. Ова произведува калциум карбонат, материјал за цементирање кој ја исполнува и ја затвора пукнатината.

Иако времето на затворање на ппукнатината може да варира, тимот вели дека биофибер бетонот може да ги затвори пукнатините за само еден или два дена Има и претходни истражувања кои резултираа со бетон кој се поправа самиот, но еден од нивните главни предизвици бил како да се држат микробите во живот, а бетонот да остане недопрен

- Advertisement -

Истражувањето за биофибер бетонот е објавено во списанието Construction and Building Materials.

(Vidi.hr)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -