СЗО предупредува: поради злоупотреба на овие лекови, може да умираат 10 милиони луѓе годишно

- Advertisement -

Претераното земање антибиотици опасно ја намалува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста на организмот, која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупредија од европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

Развојот и ширењето на супербактериите се забрзува со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите, велат од СЗО Европа.

- Advertisement -

Со спровеудвањето на новите прописи ви се решиле најголем дел од проблемите кои се последица на злоупотрбета на антибиотици. Оваа организација на Обединетите нации проценува дека без итни интервенции, антибиотската резистенција може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот покажало дека причините кои се наведуваат како оправдани за земање антибиотици во 24% од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16%), болки во грлото (21%) и каплање (18%).

- Advertisement -

Овие резултати се загрижувачки затоа што тие симптоми често се предизвикани од вируси, против кои антибиотиците немаат никакво дејство. Главната причина за загриженост на здравствените власти се докторските рецепти.

Според извештајот, 1/3 од луѓето во БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија,Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без рецепт.

- Advertisement -

Во некои земји над 40% од антибиотиците се добиени без рецепт и мислење од доктор, што е пет пати повеќе од просекот во ЕУ од студијата направена во 2022 година.

Според СЗО, се поголемата економска нееднаквост е уште една опасност, затоа што најмалку образованите луѓе и луѓето со најниски приходи се тие што имаат најлоша пракса. Ова јасно покажува дека има потреба за образување и подигнување на свеста.

Од СЗО додаваат дека друг проблем е недовршувањето на терапијата со антибиотици за да се сочуваат за друг пат или делењето на тие лекови со болни роднини или соседи.

(Zimo)

(фото: Free images live UK)

Сподели!
- Advertisement -