Пронајден нов вид на диносаурус кој живеел пред 100 милиони години

- Advertisement -

Бразилската геолошка служба пред неколку дена објави дека откриле нова врста на диносаурус, брзо животно кое живеело во пустина во текот на раниот период креда (100-145 милиони години п.н.е). Новата врста, која ја нарекоа фарловихнус рапидус (Farlowichnus rapidus), била мало месојадно животно со големина на денешните птици сериема, односно била висока 60-90 см. Откритието е објавено во научното списание Cretaceous Research.

Од растојанието меѓу пронајдените отпечатоци на стапала, може да се заклучи дека станува збор за многубрз влекач, кој трчал преку древните песочни дини, севели во соопштението на геолошката служба.

- Advertisement -

Фосилизираните патишта на диносаурусите, како што ги нарекуваат научнциите, прв ги пронашол италијанскиот свештеник и палеонтолог Џузепе Леонарди во 1980-тите години во државата Сао Пауло.

Леонарди во 1984 година донирал еден од примероците од отпечатоци на стапало на бразилскиот Музеј на науки за Земјата, пронајден во т.н. формација Ботукату, група карпи формирани во древната пустина со дини.

- Advertisement -

Отпечатоците од стапало се разликуваат од сите останати познати стапала на диносауруси, велат палеонтолозите.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -