Градови во кои иселениците се најсреќни

- Advertisement -

Еден крајбрежен град на југот на Шпанија ги има најсреќните иселеници во светот, покажа најновиот извештај на Меѓународната организација за тоа каде луѓето најбрзо напредуваат во странство.

Малага, Шпанија е прогласена за град број 1 за иселеници врз основа на одговорите на над 12.000 поединци кои живеат во 172 земји или територии. Малага е најдобро оценет град ширум светот за локална љубезност, каде што 89% од иселениците велат дека локалното население е посебно пријателски настроено кон странците во споредба со 65% од иселениците кои тоа исто го велат ширум светот. Крајбрежниот град исто така е познат по убавото време, разните можности, пристапните цени за сместување и прифатливите трошоци за живот.

- Advertisement -

Има најниски резултати поради условите за работа во странство. Новодојдените тврдат дека локалниот пазар на труд не е сјаен, но додаваат дека е на прво место за поддржување на добриот баланс меѓу работата и приватниот живот.

Два други шпански градови се на врвот на листата. Аликанте е на второ место и се истакнува по достапното и евтино сметување, а на трето место е Валенсија, кој е на врвот на листата по тоа што има извонредни можности за здравствена заштита.

- Advertisement -

Еве ја целосната листа со топ 10 најдобри градови за иселеници:

  1. Малага, Шпанија
  2. Аликанте, Шпанија
  3. Валенсија, Шпанија
  4. Рас Ал Каимах, ОАЕ
  5. Абу Даби, ОАЕ
  6. Мадрид, Шпанија
  7. Мексико Сити, Мексико
  8. Куала Лумпур, Малезија
  9. Бангкок, Тајланд
  10. Мускат, Оман

Рангирањето, кое го објави онлајн заедницата Internations, анализираше 49 глобални градови во пет главни области: квалитет на живот, леснотија на стекнување пријатели и чувство на добредојденост, работа во странство, лични финансии и севкупниот индекс „основа за странци“. Одговорите на анкетата се собрани во февруари, а се објавени во ноември.

- Advertisement -

На самото дно на листата е Милано, Италија, каде што иселениците велат дека е вистински предизвик да се справат со бирократијата, да отворат сметка во банка, да добијат виза и да најдат сместување. Други светски градови кои се лошо рангирани на листата се Рим, Ванкувер, Хамбург, Берлин и Даблин.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -