Збор на годината според речникот на „Оксфорд“ е „rizz“

- Advertisement -

Издавачот на Оксфордскиот англиски речник – „Оxford University Press“ го избра зборот „rizz“ за Збор на Годината 2023.

„Rizz“, наголемо користен термин на интернет, се дефинира како „стил, шарм, привлечност“ или можноста едно лице да привлече романтичен или сексуален партнер.

- Advertisement -

Се верува дека „rizz“ е скратено од харизма.

„Rizz беше избран од јазичните експерти како интересен пример за тоа како јазикот може да се формира, обликува и споделува во заедниците, пред да биде пошироко прифатен. Изборот посочува на тоа како младите создаваат реален или онлајн простор каде што поседуваат ресурси да го дефинираат јазикот што го користат“, се вели во соопштението на Универзитетот Оксфорд.

- Advertisement -

Според Универзитетот „Оксфорд“, сѐ повеќе термини од интернет сленгот ќе се користат во реалноста.

„Зголемувањето на податоците за користењето на rizz докажува дека зборовите и фразите што еволуираат од интернет културата се повеќе стануваат дел од секојдневниот народен јазик и ќе продолжат да ги обликуваат јазичните трендови во иднина“, изјави претседателот на „Oxford Languages“, Каспер Гратвол

- Advertisement -

Според Универзитетот, зборот „rizz“ бил најупотребуван во јуни оваа година, откако актерот Том Холанд беше прашан дали има „rizz“, а тој негираше.

Јавноста ги беше вклучена во гласањето преку социјалните мрежи и гласачите го креираа потесниот избор на зборови, меѓукои беа и „Свифти“ – фан на Тејлор Свифт, „промт“, „девлијаење“, „ситуациона врска“, „парасоцијален“ и „беж знаме“.

„Беше неверојатно да се види како јавноста  ужива да биде дел од изборот за ‘Збор на годината’. Сведочењето како илјадници луѓе  дебатираат и дискутираат за јазик, навистина ја истакнува моќта што јазикот ја има во помагањето да разбереме кои сме и при процесирање на она што се случува со светот околу нас“, се вели во соопштението.

Извор – Радио МОФ

Фото – Freerange Stock

Сподели!
- Advertisement -