Се одржа конференција за зајакнување на жените во Северна Македонија, поддржана од Словачката амбасада

- Advertisement -

Во организација на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа во партнерство со ХЕКИМА и Стопанската комора на жени, денес (07.12.2023 година) се одржа конференцијата на тема: „Зајакнување на жените во Северна Македонија: вклучување и иновации во претприемништвото“. На конференцијата присуствуваа претставници од различни државни институции, амбасадори, претставници од приватниот сектор, меѓународни организации, невладини организации и други заинтересирани страни од оваа област.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети како главен говорник на конференцијата истакна дека застапеноста на жените на пазарот на трудот е неповолна поради културно-историските околности. Сепак, нагласи ректорот Беџети, во последно време има напредок во застапеноста на жените во многу институции и на пазарот на трудот. Конкретен пример е Универзитетот на Југоисточна Европа, каде во раководството на деканатите и ректоратот над 50% се жени, кои одлично ја извршуваат работата на Универзитетот.

- Advertisement -

Амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркус, во својот воведен говор, ја поздрави оваа конференција, изразувајќи ја поддршката на амбасадата и словачкиот народ за оваа благородна иницијатива. Нашата амбасада можеби е мала, но секогаш се обидуваме да и помогнеме на вашата земја колку што можеме, рече амбасадорот Маркус.

Во првата сесија, на тема: „Зајакнување на жените во претприемништвото: перспективата на Северна Македонија, панелисти беа Ивана Улична, основач на ХЕКИМА, Вељанд Рамадани, професор на УЈИЕ, Фестим Халили, директор на ФИРТ и Мимоза Тачи, претседател на Стопанската комора на жените.

- Advertisement -

На втората сесија, на тема: „Циркуларна економија и одржлив бизнис: Жени кои водат промени“, панелисти беа: Ивана Малес, ко-основач на Институтот за циркуларна економија (ИНЦИЕН), Олимпија Христова Заевска, консултант, Шенај Хаџимустафа , професор на УЈИЕ и Фатмир Ејуб, директор на Алпак-Еко.

На третата сесија, на тема: „Жените во технологијата: Навигација по дигиталната граница“, панелисти беа: Флорије Исмаили, професорка во УЈИЕ, Моника Ризовска Таневска, амбасадорка на Жените во технологијата (Women in Tech), Влора Адеми, менаџер на Диџикјуб Digicube и Ера Мемети , менаџер на Inspire 11.

- Advertisement -

Конференцијата беше поддржана од SlovakAid и проектот за економски раст на ЕУ, кофинансиран од германското федерално министерство за економски прашања и климатски активности и имплементиран од ГИЗ и научниот парк АРЕА

Сподели!
- Advertisement -