Кит ГО и Вива Фреш се окрупнуваат со брендовите на Топ Шоп од Студио Модерна

- Advertisement -

Албански СМА ХОЛДИНГ го купува Студио Модерна од Скопје, познато по производите од Делимано, Топ Шоп, Дормео, Волкмакс и Велнео. Ова е новооснована компанија,  која преку својот основач од Косово  во Македонија работи со две компании – Вива Фреш и Кит ГО.

Во информацијата до Комисијата за заштита од конкуренција, СМА ХОЛДИНГ информира дека стекнува директна контрола над Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА со  100% удел во Друштвото.

- Advertisement -

Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје се занимава со трговија на мало преку пошта и интернет која вклучува трговија на мало на производи за домаќинство, опрема за осветлување и други предмети за домаќинства, производи за подготовка на храна и други производи за унапредување на живеењето и опрема за чистење во домот. Албански СМА ХОЛДИНГ го купува Студио Модерна од Скопје, познато по производите од Делимано, Топ Шоп, Дормео, Волкмакс и Велнео. Ова е новооснована компанија,  која преку својот основач од Косово  во Македонија работи со две компании – Вива Фреш и Кит ГО.

Во информацијата до Комисијата за заштита од конкуренција, СМА ХОЛДИНГ информира дека стекнува директна контрола над Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА со  100% удел во Друштвото.

- Advertisement -

Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје се занимава со трговија на мало преку пошта и интернет која вклучува трговија на мало на производи за домаќинство, опрема за осветлување и други предмети за домаќинства, производи за подготовка на храна и други производи за унапредување на живеењето и опрема за чистење во домот.

„Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана“, соопштуваат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

- Advertisement -

Албански СМА ХОЛДИНГ во својот состав има повеќе различни дејности. Холдингот се занимава со трговија, обезбедување на помош на трговски друштва во целосна или делумна сопственост на друштвото, продажба на големо и мало на стока и опрема.

Косовската компанија Вива Фреш во февруари 2023 година официјално го презеде Кит ГО со своите 58 маркети низ државата за 50 милиони евра.

Извор – ММС

Сподели!
- Advertisement -