Три едноставни совети на Ворен Бафет за мудро инвестирање

- Advertisement -

Ворен Бафет, извршен директот на компанијата Berkshire Hathaway Inc, според последните податоци, поседува нето вредност од отрпилика 120,3 милијарди долари. Тоа негово богатство во голем дел се должи на неговите паметни инвестиции во текот на животот. Во продолжение можете да прочитате три совети од овој милијардер ако и вие сакате да стекнете барем мал дел од неговото импресивнно богатство.

- Advertisement -

1. Продадете ги вашите продажни опции
Купувањето акции и чувањето на истите е една метода, но Бафетнекогаш пристапува на поинаков начин кон инвестирањето. Имено, освен што е посветен на инвестирање во Blue Chip акции, користи и дериватни инструменти како што се опции, пишува GoBankingRates. Опциите се договор кој на купувачите им дава право да продаваат хартии од вредност по одредена цена во одреден временски период.

2. Проверете кој стои зад инвестициите
Бафет советува дека е побитно да се провери кој управува со инвестицијата отколку финансиската страна на самите инвестиции.

- Advertisement -

3. Држете се подалеку од компаниите на пазарот на суровини
Суровините се основна стока или стока заменлива со други стоки од ист вид. Најчесто се однесува на суровина која се користи за производство на готови производи како што се енергенси, земјоделски производи, сточарство, метали итн.

Ако главниот фактор на компанијата е продажба на производи кои се лесно заменливи или заменливи од страна на конкурентите, Бафет смета дека постојат поголеми шанси да се изгуби вредноста на инвестицијата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -