Развиена паметна лепенка преку која се следи растот на туморите

- Advertisement -

Научници од Националниот универзитет Цинг Хуа во Тајван развија револуционерен преносен уред, кој го опишуваат како флексибилна паметна лепенка. Направена е од растеглива пластика со вретенести честички, а се лепи за кожата и се прилагодува на големината на туморите непосредно под површината на кожата.

Секоја вретенеста честичка е долга околу 100 нанометри и е направена од кислород и сребренастиот метал хафниум. Како што расте туморот, налепницата се поместува Sза да се прилагоди на новата големина и го менува распоредот на наночестичките. Со тоа сат и електричните својства на материјалот. Сите тие промени на уредот се испраќаат безжично до апликација на телефон.

- Advertisement -

Научниците го објаснуваат концептот на уредот како средство за следење на реакцијата на туморите на лекувањето во домашни услови, со што овозможува следење на туморот во реално време. Студијата за овој уред е објавена во списанието ACS Nano.

Преносниот уред успешно е тестиран на глувци и ја докажа својата способност за прецизно следење на развојот на туморите во текот на една недела со мерење на електричните промени како одговор на варијациите во големината на туморот.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -