Ова се трите најбарани професии во Европа

- Advertisement -

Две третини или 67% од професионалците во Европа годинава размислуваат да ја сменат работата. Вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер безбедноста се повеќе се барани, се вели во последниот извештај на LinkedIn за перспективите на пазарот на труд за 2024 година.

Европскиот пазар сега поминува низ забрзана трансформација и се појавуваат нови позиции кои не постоеле последните 20 години, додека деловната конкуренција лани се дуплирала.

- Advertisement -

Истражувањето на LinkedIn е спроведено на основа на прегледот на милиони работни места, кои членовите на таа платформа ги вршеле во периодот од 1 јануари 2023 година до 31 јули 2023 година.

Во Велика Британија и во Франција, на пример, минатата година била отворена една работна позиција на просечно четири кандидати, додека една година претходно било отворено едно место на две лица. .

- Advertisement -

Сепак, и покрај порастот на конкуренцијата на пазарот на труд, 2/3 од професионалците во Европа годинава размислуваат да ја променат работата, а како една од главните причини за 37% од испитаниците се наведува поголемата заработка. За 19% тоа е желбата да најдат нова работа за да напредуваат во кариерата.

Во зависност од земја до земја, има различни најбрзрастечки работни позиции, но заедничкиот тренд покажува дека вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер безбедноста се областите кои растат, а најмногу се бараат.

- Advertisement -

(Bankar.me)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -