Голем јаз меѓу приходите во Европа

- Advertisement -

На Стариот континент разликите во приходите од држава до држава се многу големи. Жителите на западните и на нордиските држави имаат поголеми просечни приходи отколку населението на југот и на истокот во Европа.

Според индексот на инвестициската компанија Legatum за минатата година, 2/3 од најпросперитетните земји во светот се наоѓаат во Европа, но нееднаквост постои ширум целиот континент. Просечните приходи на домаќинствата кои се издвојуваат за потрошувачка и за штедење значително се разликуваат меѓу сите европски држави.

- Advertisement -

Европскиот завод за статистика, Евростат, расположливиот приход на домаќинствата го дефинира како приход кој домаќинството го има за потрошувачка и за птедење после плаќањето даноци. Според тоа, највисок расположлив приход во 2022 година имале жителите на Луксембург (33.214 евра по жител).

Најнизок просечен расположлив приход е во Албанија – 4.385 евра по жител.

- Advertisement -

Просечниот расположлив приход по жител во пет нордиски земји веќе е над просекот во ЕУ. Гледајќи процентуално, просечниот расположлив приход од значително се зголемил од 2017 до 2022 година. Тоа зголемување во девет членки на ЕУ и две земји-канднидати изнесувал 40%, додека во целата унија тоа големување е 17%

Најголемо процентуално зголемување има во Романија (101%), потоа во Србија (68%) и во Литванија (66%).

- Advertisement -

Најголемо, пак, золемување на приходите има во Луксембург (8.995 евра), а потоа во Ирска (6.181 евра) и во Холандија (5.976 евра).

Тоа зголемување на ниво на ЕУ е 2.802 евра.

(Bizlife)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -