По прв пат откриена вода на површина на астероид во Сончевиот систем

- Advertisement -

Во огромното пространство на Сончевиот систем, меѓу околу 1 милион астероиди, неодамнешно откритие на астрономи ги доведе во прашање сите претходно претпоставки за присуството на вода на тие небесни тела. Инфрацрвениот телескоп SOFIA, познат по претходното откритие на вода на Месечината во 2020 година, сега откри вода и на астероидите Ирис и Масала.

Ирис е колосален астероид со дијаметар од 199 км, а спаѓа меѓу најголемите 1% во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер. Тој ја завршува својата орбита околу Сонцето за 3,7 години. Масала, пак, е астероид со дијамтер од 135 км, а има слична орбита со Ирис.

- Advertisement -

Астероидите се разликуваат по составот, силикатните астероиди се поблиску до Сонцето, а ледените се во надворешните региони на Сончевиот систем. Разбирањето на нивната дистрибуција фрла светло на составот на соларната магла пред формирањето на планетите и астероидите.

Д-р Аниција Аредондо од американскиот институт Southwest Research, која воедно е главна авторка на истражувањето, вели дека количината и распространетоста на водата на Ирис и на Масала се слични на Месечината. Водата е заробена, врзана за минерали и апсорбирана во силикатите.

- Advertisement -

Телескопот SOFIA, кој се пензионираше во 2022 година, ја употребил својата инфрацрвена камера за слабо видливите објекти (FORCAST) за да идентификува вода на површината на Месечината во 2020 година, што било еквивалентно на околу 350 мл вода по кубен метар почва.

(Universe Today)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -