Италијанското регулаторно тело AGCM соопшти дека ја казниле кинеската платформа Tiktkok со 10 милиони евра поради слаба заштита на малолетниците од потенцијално штетни содржини.
Контролата на компанијата над содржините кои кружат на платформата е неадекватна, се вели во соопштението од регулаторот.
Казната е изречена против три ломпании во сопственост на кинеската компанија Byte Dаncе, конкретно против претставништвото на Tiktok во Ирска, Велика Британија и Италија.
Регулаторот претходно во февруари му нареди на Tiktok да ги отстрани видеата со предизвици за младите луѓе, кои може да остават трајни последици.
AGCM денес наведе дека врз основа на истрагата може да ја утврди одговорноста на Tiktok во ширењето на содржините кои можат да ја загрозат психофизичката безбедност на корисниците, посебно на малолетниците.
(021)