Шведски научници развија нов облик на злато и го нарекоа golden

- Advertisement -

Златарите долго време се занимаваат со обработката на злато во пофини облици, што сега доведе до револуционерно откритие на материјалот наречен golden. станува збро за еднодимензионален материјал составен од само еден слој атоми на злато.

Следејќи ги конвенциите на науките за материјали, научниците го сковаа називот golden за таа иновација, која покажува уникатни својства кои златото ги нема во својот тридимензионален облик.

- Advertisement -

Ако материјалот го направите исклучително тенок, се злучува нешто извонредно како и со графенот, вели Шун Кашиваја, научник за материјали на Универзитетот Линкопинг во Шведска. Тој објаснува дека златото може да стане полупроводник кога ќе се сведе на дебелина од еден слој од само еден атом.

И покрај природната тенденција на златото да се собира, претходните напори да се создаде дводимензионална конфигурација не биле успешни и резултирале со повеќеатомски плочи или монослоеви неделливи од други материјали.

- Advertisement -

Меѓутоа, напредокот дошол неочекувано за Кашиваја и за неговиот тим додека експериментирале со други материјали, како што е електропроводлива керамика. Потоа добиле идеја керамиката да ја премачкаат со злато за да воспостават контакт, но која ја изложиле на висока температура слојот од силициум бил заменет со злато во основниот материјал.

Предизвикот бил да се извлече златото во супертенки слоеви меѓутитаниумот и јаглеродот кои го опкружуваат. За намдинување на таа препрека искористиле техника наречена Муракамиев реагенс, односно раствор за обработка на метали кој го нагризува јаглеродот и бојата на челик. Експериментирајќи со различни концентрации и временски рамки, успешно ги отстраниле околните материјали и го оставиле златниот слој недопрен.

- Advertisement -

Меѓутоа, процесот бил деликатен и морало да се прави во темница за да се спречи ослободување на цијанид како нуспроизвод од растворот. Освен тоа, бил воведен сурфактант за да се спречи свиткување и наосбирање на златен слој.

Добиениот стабилен облик на злато golden покажува својства на полупроводник, нудејќи нови можности на полиња како што се прочистување на вода и хемиско производство. Студијата за овој материјал е објавена во списанието Nature Synthesis.

(Science Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -