Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Цените ќе важат од полноќ. Дизелот и екстра-лесното гориво ќе чинат по 75,5 денари, додека супер бензинот ќе има нова цена од 89,5 денари. Бензинот 95 останува со иста цена од 87,5 денари за литар , додека мазутот ќе поскапи за над два денари по килограм и од полноќ ќе се продава за 46,661 денари за килограм.
Според образложението, промената на цените е поради минималното намалување на референтните цени на светските нафтени берзи за бензините и дизелот. Единствено зголемување на берзанските цени е регистрирано за мазутот.
Дополнително влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар кој во периодот кога се формирани објавените цени е понизок за 0,166%.