Откриена супер Земја – карпеста планета со дебел слој на атмосфера

- Advertisement -

Научници од НАСА со помош на вселенскиот телескоп James Webb открија дебел слој на атмосфера околу карпеста планета дупло поголема од Земјата, позната како 55 Cancri-e. Тоа го покажа истражувањето на научници на НАСА од Лабораторијата за млазен погон, кое е објавено во списанието Nature.

Планетата 55 Cancri-e е супер Земја, што е назив за планети кои се потопли од Земјата, но се помалку топли од Нептун. Оваа планета е меѓу неколку карпести планети надвор од Сончевиот систем со атмосфера составена од јаглерод-диоксид и јаглерод-моноксид.

- Advertisement -

Температурата на вриење на оваа планета, која може да достигне дури 2.300 степени Целзисуови, значи дека е малку веројатно дека на неа постои живот пренесува ABC News. Научниците велат дека ова откритие е знак дека може да постојат и други такви карпести планети со густа атмосфера кои може да се погостопримливи.

Егзопланетата е оддалечена 41 светлосни години и е осум пати потешка од Земјата, а кружи околу својата ѕвезда Коперник толку блиску што има постојани дневни и ноќни страни. Површината на Cancri-e е покриена со океани од магма, а за да се идентификува составот на нејзината атмосфера истражувачите проучувале снимки од вселенскиот телескоп James Webb пред и откако планетатта поминала зад својата ѕвезда.

- Advertisement -

Гасовите од океаните од магма може да играат клучна улога во одржувањето на стабилната атмосфера, Истражувањето на оваа супер Земја може да даде траги за тоа како Земјата и Марс можеле прво да еволуираат од океаните од магма, кои оттогаш се изладиле, велат научниците.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -