Microsoft стартува онлајн-продавница за игри за Android и iOS

- Advertisement -

Microsoft последните години инвестираше многу пари на пазарот за видеоигри, вклучувајќи ја и најголемата аквизиција во историјата на оваа индустрија – преземањето на Activision Blizzard, која чинеше нешто помалку од 70 милијарди долари. Нивните гејмерски планови, меѓу другото,ја вклучуваат и онлајн Xbox продавницата за видеоигри за мобилни уреди, на која корисниците ќе можат да ги преземат игрите на Microsoft, но и игри од трети страни.

Таквата продавница, како што најавија од Microsoft, ќе ја претстават во јули годинава, а ќе биде наменета за корисници на Android и Apple уреди. Од оваа технолошка компанија веќе споменуваа таква продавница со игри која ќе биде алтернатива на App Store и Google Play Store и сега конечно знаеме кога ќе ја претстават.

- Advertisement -

Сепак, со оглед на тоа дека Apple и Google имаат различни ограничувања, таа продавница, барем на почетокот, нема да биде достапна како посебна апликација преку која ќе можат да пребаруваат или да преземаат игри, туку Мicrosoft ќе почне на веб. Тоа значи дека корисниците ќе и пристапуваат преку интернет-пребарувачи како Chrome и Safari, но уште не е познато на кој начин ќе се преземаат на самите уреди.

Имено, освен тоа што Apple досега не овозможи користење на алтернативни продавници за апликации на своите уреди, не беше можно ниту да се преземаат апликации од трети страни на iPhone и iPad. Таа ситуација се менува во Европа, но поради притисоците од регулаторите, а не поради желбите на корисниците да им овозможи поголемо искуство и алтернатива при преземање.

- Advertisement -

Бидејќи тоа сега на iOS е можно само на европскиот пазар, екипата од Microsoft за почеток се одлучила на веб верзија на својата онлајн продавница, но долгорочно се надеваат дека нивната продавница ќе биде достапна како официјална апликација. Конечната цел е да се понуди вистинска алтернатива на понудата на Apple и на Google, заедно со поддршка за трети страни, но изгледа дека сме далеку од тоа.

(9to5Google)

- Advertisement -

(фото: Softpedia)

Сподели!
- Advertisement -