Се одржа DevCon Skopje 2024: Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата

- Advertisement -

Викендов во Скопје се одржа интернационалната ИТ конференцијата DevCon Skopje 2024 на која присуствуваа повеќе од 200 професионалци од различни области во развојот на софтвер, податоците и вештачката интелигенција.

“За мене, оваа конференција беше несомнено извонредно искуство. Благодарам на сите кои учествуваа и придонесоа за успешноста. Успехот на овој настан потврдува дека имаме јака заедница која постојано се зголемува и заедно се движиме напред. Со нетрпение ја очекувам следната конференција и ве поканувам да останете информирани за идните настани!” – рече Биљана Цветковска, оперативен менаџер во  Kin + Cart Македонија.

- Advertisement -

DevCon и оваа година беше реализиран со организација од компаниите Kin + Carta и Tarmac. Поддржувачи на настанот се и Women in Tech MacedoniaMarketing 365 и Konekt.mk.

Покрај домашните предавачи – присутни беа и предавачи од Косово и Обединетото Кралство кои со присутните споделија свои презентации, истражувања, но и демо верзии од различни технологии и проекти.

- Advertisement -

Дел од темите на кои се посвети внимание на DevCon Skopje 2024 опфатија дискусии на теми како Visual Testing with AI Set of Eyes, Chat with your own data by using LLaMA2 and LangChain, Java 21, дискусии од областа на DevOps како и користење на вештачката интелигенција во создавањето на софтвер.

За тие кои не беа во можност да присуствуваат на настанот, снимените презентации ќе можат да ги погледнат наскоро на официјалната веб страница devcon.dev.

Сподели!
- Advertisement -