Кинеска вселенска компанија ќе почне со туристички летови во вселената од 2028 година

- Advertisement -

Кинеската комерцијална вселенска компанија CAS Space најави дека нејзиното возило за вселенски туризам по прв пат ќе лета во 2027 година и ќе отпатува до работ на вселената во 2028 година.

Од CAS Space соопштија дека возилото ќе вклучува туристичка кабина која има четири панорамски прозорци и ќе може да превезува седум патници на еден лет, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Компанијата планира да организира лансирање на секои 100 часа од новоизградениот воздухопловен тематски парк со 10 возила кои туристите ќе ги одвезуваат во смени до работ на вселената.

(021)

- Advertisement -

(фото: Cas Space)

Сподели!
- Advertisement -