AI Tech Summit повторно во Скопје

- Advertisement -

На 3-ти и 4-ти октомври, 2024 во Националната Опера и Балет, повторно ќе се одржи AI Tech Summit – глобалниот технолошки настан, кој и оваа година на едно место ќе ги обедини водечките умови во вештачката интелигенција на светските гиганти како Google, Microsoft, Amazon, UBS, NVIDIA, Netflix, Ericson и други.
АI Tech Summit e во организација на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативен центар, кој го препознава значењето на модерните технологии за современо работење и функционирање на организациите.
На годинешното издание на AI Tech Summit во Скопје, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии и сектори како ИТ, финансии, дизајн, производство, здравство, забава и др.
AI Tech Summit е најголемиот технолошки настан на тема вештачка интелигенција во југоисточна Европа и служи како вонредна или корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.
Регистрацијата и продажбата на билети е веќе отворена на www.techsummit.ai.



Сподели!
- Advertisement -