По полноќ за половина денар за литар поскапуваат дизел горивото и нафтата за домаќинствата. Бензинот од 98 октани ќе поевтини за еден денар, додека цената на бензинот од 95 октани се намалува за половина денар за литар.
Максималните цени на горивата ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,453 (денари/килограм)
Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека тоа се максималните цени на нафтените деривати кои ќе се применуваат од 00.01 часот на 28 мај и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.