Србија е на прво место во светот по растот на приходите од странски туристи

- Advertisement -

Во првиот квартал од годинава Србија е првата дестинација во светот по стапката на раст на приходите од странски туристи, што е за 127% повеќе во однос на истиот период во 2019 година, соопшти српското Министерството за туризам и млади.

Во најновиот барометар на Светската туристичка организација (UN Tourism) се наведува дека неколку дестинации ширум светот годинава постигнале одлични резултати на полето на туризмот, меѓу кои Србија е на прво место и е единствената што достигнала трицифрен раст на стапката на приходи од странски туристи.

- Advertisement -

Девизниот прилив од туризмот во првиот квартал од годинава во Србија изнесува 575 милиони евра, што е за 127% повеќе во однос на периодот јануари – март 2019 година, кога приходите од странски гости изнесувале 252 милиони евра.

Во првите четири месеци од годинава продолжи растот на туристичкиот сообраќај во Србија, при што странските гости остварија пораст на пристигнувањат за 10%, а на ноќевањата за 5%, што заедно со проекциите за искористеноста на сместувачките капацитети во остатокот од годината, укажува дека 2024 година ќе биде рекордна за туризмот во Србија, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Needpix)

- Advertisement -