Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема дизајн на игри на 13 јуни (четврток) во Заедницата за технолошки ентузијасти „Base42“ со почеток во 18 часот.
„Дизајнирање на игри не е програмирање, арт, моделирање или ригување. Дизајнерот на игри не треба да владее Blender, ZBrush, 3ds Max, Maya, Unity, Unreal Engine, SketchUp или Houdini. Дизајн на игри е креирање и моделирање на механики, системи и правила на играта, смислување на гејмплејот, бесконечно пишување концепти во Ворд (или бесплатна алтернатива) и табели. Практично, раѓањето на играта!“, велат од организацијата.
Говорници на настанот ќе бидат Никола Месарович, дизајнер на игри во „Demagog Studios“, Никола Шошкич, основач и дизајнер на игри во „Shosha Games“ и Наум Михајловски, ко-основач и гвален извршен директор на „Furious Avocado“.
Влезот е бесплатен, но пожелно е оние кои сакаат да присуствуваат да се регистрираат.
Инаку, ова е втор од низата настани кој го организира МГИ Скопје во склоп на „MGI Meetups Presents“, односно бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри. Повеќе детали на следниов ЛИНК.
Радио МОФ