Maкедонскиот Smigin “Royal Edition” претставен пред кралот Чарлс!

- Advertisement -

Неделава Smidgin London Dry “Royal Edition” беше претставен на неговото Височество Кралот Чарлс III за време на церемонијата на предавањето на акредитивите по поводназначувањето на новата македонска амабасадорка во Обединетото Кралство, Катерина Ставреска.

Оваа ексклузивна едиција на првиот македонски џин е изработена посебно за овој настан, објавија на социјалните медиуми од овој македонски бренд.

Смидџин е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија.

- Advertisement -

SMIDGIN има уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните суви смреки кои се продаваат на пазарот. Неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека. Многу посвеж, поинтензивен и неспоредливо многу побогат со есенцијлни масла. Планинскиот чај извонредно ја надополнува оваа свежина и заедно со аромите и вкусовите на останатите цитрусни и егзотични растенија, џинот добива навистина посебен карактер.

Фото – ФБ на Смидџин

Сподели!
- Advertisement -