Македонија е во топ 5 земји во Европа во заминување на образован кадар. Од 2013 до 2021 година, земјава ја напуштиле просечно по 2.500 лица годишно со високо образование, за кои државата инвестирала околу 725 милиони евра.
Државен завод за ревизија oбјави: „Со извршената ревизија и спроведувањето на Методологијата, прибирањето на ревизорски докази, стекнавме заклучок дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на напуштањето на високообразованите кадри од државата.
Извештајот го нагласува недостатокот на функционален систем за следење и управување со интелектуалната емиграција. Државата нема база на податоци за лица со високо образование кои живеат и работат во странство.
„Оваа студија или истражување ги покажува сериозните предизвици со кои се соочува државата во одржувањето на работната сила со високо образование и заштитата на економските интереси на земјата.
Во земјава е одобрена Стратегијата за спречување на емиграцијата на високообразовани и стручни кадри со рок од 2013-2020 година, но истата е со низок степен на реализација и без план за нејзина реализација.
Според извештајот на Меѓународната организација за миграција за 2020 година, Македонија е во првите 20 земји во светот со најмасовно иселување во странство, додека според проценките на Светска банка, речиси 40% од лицата со високото образование ја напуштиле државата.