Овој петок ново издание на традиционалниот фестивал „Sound of Green“

- Advertisement -

Традиционалниот еко настан „Sound of Green“ годинава ќе се одржи во петок, на 30 август во МКЦ, во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак, а во соработка со Швајцарската амбасада во нашата земја.

Годинава, пред скопската публика од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот, како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX NANTAYA. Дополнително, пред почетокот на музичката програма, во 19 часот, во МКЦ ќе биде отворена изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“

- Advertisement -
  • И оваа година „Sound of Green“ ќе понуди одлична забава. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека нашата цел со овој музички настан е да ја подигнеме еколошката свест кај младите, а воедно и да им понудиме квалитетна забава. Преку овој фестивал ја праќаме пораката дека селектирањето на амбалажниот отпад и рециклирањето треба да ни станат дел од секојдневната рутина. Ги повикуваме нашите сограѓани да ни се придружат, да донесат празни шишиња или лименки а ние ќе се погрижиме за нивното рециклирање – изјави Ико Брдароски, Заменик извршен директор на Пакомак.

Настанот „Sound of Green“ годинава се организира со поддршка на Швајцарската амбасада, во рамки на долгогодишната успешна соработка со Пакомак како и одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Швајцарија и Северна Македонија. Во рамки на оваа соработка, публиката ќе има можност да ги види и настапите на двајцата швајцарски артисти, како и изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“

  • Технологијата и иновациите се клучни за обезбедување на одржлива иднина, но истите мора да бидат придружени со промена на начинот на размислување и однесување кои ѝ штетат на нашата животна средина. Оваа изложба ги прикажува младите стартапи и компании во Швајцарија кои се посветени на промовирање одржливи решенија и успешни иницијативи на нашите партнери во Северна Македонија кои придонеле за унапредување на заштитата на животната средина или за зголемување на отпорноста на еколошките ризици. Зголемените предизвици предизвикани од климатските промени, деградацијата на животната средина и неодржливите практики, ни даваат на сите до знаење дека мора да дејствуваме сега за да обезбедиме иднина вредна за славење. „Sound of Green“е одлична можност за младите да дознаат повеќе за заштитата на животната средина додека се забавуваат. Впрочем, фестивалот создава и платформа за комуницирање со младите луѓе како активни актери во промените и пионери на решенија во овој домен, ни изјави швајцарската амбасадорка Вероник Улман.

Влезниците за настанот, како и секоја година нема да се продаваат, туку ќе се добиваат во замена за едно празно пластично шише од која било големина, празна лименка или

- Advertisement -

инсталирана мобилна апликација „Екомак“. Како дополнителна мотивација, првите 300 посетители кои ја имаат инсталирано мобилната апликација и имаат минимум 10 зелени поени на неа, ги очекува изненадување, подарок од Пакомак на лице место.

Поддржувачи на настанот „Sound of Green“ за 2024 година се Макстил, Факултетот за туризам и менаџмент и МКЦ.

Сподели!
- Advertisement -