META анализа: Опаѓа бројот на дипломци, магистри и доктори што бараат работа

- Advertisement -

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот на невработени лица кои се стекнале со титула.

Така, според евиденцијата од јуни 2020 година, работа чекале 11.735 дипломци, 830 магистри и 25 доктори на науки. Сега, односно со последната евиденција од јуни 2024, бројот на невработени дипломци е 6.337, магистри – 551 и 20 доктори на науки.

- Advertisement -

Од евидентираните невработени лица со високо образование, најбројни се невработени лица од профилот дипломиран економист, дипломиран правник, дипломиран правник (180 ЕКТС) и дипломиран психолог, велат за Мета.мк од АВРСМ.

Во евиденцијата на невработени има и лица од профилот доктор по медицина, дипломиран учител, дипломиран економист (180 ЕКТС), дипломиран на јавна администрација, професор по одделенска настава на албански јазик, дипломиран социјален работник, дипломиран физиотерапевт (180 ЕКТС). Потоа, овде се и профилите професор по англиски јазик, професор за предучилишно воспитание, дипломиран географ-професор, професор по одделенска настава на македонски јазик, дипломиран воспитувач, дипломиран инженер архитект, дипломиран менаџер по туризам и угостителство (180 ЕКТС), дипломиран по бизнис администрација, дипломиран психолог (професор), дипломиран педагог (професор) и други профили на евидентирани невработени лица со високо образование, велат од АВРМ.

- Advertisement -

Од невработените лица кои се магистри на науки, според областа во која магистрирале, евидентирани се лица од профилот магистер на правни науки, магистер по право од областа на казнено право, магистер по економски науки.

Од невработените лица – доктори на наука, во евиденцијата на невработени лица евидентирани се доктор по политички науки, доктор по економски науки, доктор по правни науки, доктор по земјоделски науки, доктор по архитектура, доктор по технички науки, доктор по педагогија.

- Advertisement -

Целиот текст на Мета.мк

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -