Технолошкиот концерн во сопственост на контроверзниот милијардер Илон Маск објави тендер за малку бизарна работа наменета за обука на хуманоидниот робот Optimus.
На веб-страницата на Tesla компанијата позната по производството на модели на електрични автомобили со истото име, а од неодамна и по дизајнот, развојот и производството на хуманоиден робот наречен Optimus, се појави оглас дека се бара „оператор за собирање податоци“.
Описот на работното место открива како среќниот вработен (поточно – вработени, бидејќи за оваа работа се бараат неколку кандидати) ќе има задача да глуми робот секој ден за време на полно работно време. Се очекува тие да бидат во движење повеќе од седум часа секоја смена, истовремено носејќи предмети со тежина до 15 кг додека одат на тест рута, каде што дигитално се собираат податоците потребни за дизајнирање, програмирање и обука на роботот.
„Кандидатите за позицијата не треба да имаат формално инженерско или програмско образование. Физички, тие мора да бидат високи помеѓу 170 и 180 см и да можат да стојат, да седат, да одат, да креваат, да се наведнуваат, да посегнуваат и да се вртат, сето тоа во раните часови на денот“, се вели во огласот. Дополнително, се наведува дека долги временски периоди треба да носат костим опремен со електронски сензори за движење и аудиовизуелна VR опрема поставена на глава, додека во огласот се истакнува дека споменатиот уред може да го дезориентира корисникот, што може потенцијално да доведе до симптоми на гадење.
Главните цели на работата се собирање на дигитални податоци за мобилноста и просторното позиционирање, како и поддршка на активности поврзани со инженерските барања, вклучувајќи известување за какви било проблеми со опремата. Работодавецот нуди 48 американски долари (околу 43 евра) на час за овие задачи, што значи дека на полно работно време, успешен кандидат за работа може да очекува месечна плата од околу 6.800 до 7.500 евра.
По неколку верзии на Optimus, новите модели се уште се усовршуваат. Овој хуманоиден робот, наменет да биде помошник во производствените процеси и во домаќинството, до неодамна беше обучен за:
-одење напред, настрана и наназад
-вртење
-клечење и одење клекнат
-фаќање, држење и движење на предмети
-подигање на предмети од клекната положба или стоејќи
-туркање и влечење предмети на површина (земја, работна површина)
-качување по скали (со и без носење предмети)
-одење по падина или рид
-користење шрафцигер
Пред еден месец, се појавија видеа од него како изведува мисловни задачи за подредување предмети по форма, големина и боја, како и понапорни задачи за одржување рамнотежа и рекалибрирање на оптоварувањето на неговите механички зглобови на рацете и нозете (на пр. земајќи различна јога пози).
(Bug.hr)
(фото: YouTube)