Акциите на Tesla се зголемија откако Доналд Трамп, поддржан од Илон Маск, победи на претседателските избори во САД, катапултирајќи ја пазарната капитализација на производителот на електрични возила над трилион долари за прв пат од 2022 година.
Благодарение на големото рели во петокот, личната нето вредност на извршниот директор на компанијата, Маск, порасна над 300 милијарди долари, што го прави првиот човек на планетата што го постигнал овој подвиг.
Маск стана побогат за 13 милијарди долари само во петокот при продажбата на акциите на Tesla. Според Bloomberg Billionaire Index, нето-богатството на 53-годишникот се проценува на околу 314 милијарди долари, што го става на врвот на листата.
Според Индексот на милијардери на Блумберг, извршниот директор на Tesla е 84 милијарди долари побогат од вториот најбогат човек на планетата, основачот на Амазон и голем ривал Џеф Безос, со нето богатство од 230 милијарди долари. Да се стави таа бројка во контекст – разликата во богатството меѓу нив двајца е поголема од БДП на една од најбогатите нации во светот, Луксембург.
Малата европска нација, позната по силниот сектор на финансиски услуги и стратешката локација, традиционално се рангира меѓу најбогатите земји во светот. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луксембург има највисок БДП по жител, околу 135.000 долари. Сепак, номиналниот БДП на Луксембург е 82 милијарди долари од 2022 година.
Се очекува богатството на Маск значително да се зголеми во наредните месеци бидејќи аналитичарите предвидуваат воведување на федерални политики од кои би можеле да имаат корист Teslla и другите компании во негова сопственост, пишува Investor.me.
(Bizlife)
(фото: Flickr)