Најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија – UltiMATH ќе се одржи утре во Скопје

- Advertisement -

Најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија – UltiMATH кој ќе се одржи во сабота на 30 ноември во Ист Гејт Мол во Скопје. UltiMATH е годишен натпревар кој ќе ги награди најдобрите математичари во земјава и чија цел е да ги инспирира младите кон кариера во математика, технологија и наука.

UltiMATH го организираат факултетот Бреинстер НЕКСТ и NU Колеџот за средношколци. На UltiMATH ќе учествуваат најдобрите 350 средношколци од цела Македонија кои ја поминаa квалификациската фаза. Задачите што ќе ги решаваат натпреварувачите ќе ги тестираат нивната логика, брзина и аналитички способности. По завршувањето на двете рунди од првата фаза, најдобрите 50 учесници продолжуваат во втората фаза составена од две рунди – Супер финале и UltiMATH Challenge што ќе се одржат во недела, 1 декември 2024 година.

- Advertisement -

Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и 100% стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот. Вредни награди ќе има за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци. 

Сподели!
- Advertisement -