Скорешниот старт на новата Академија за продажба и бизнис развој во рамки на Киншифт Академијата e повод за разговорот со Весна Иваноска, директор на Киншифт Академи и Михаел Милошевиќ, директор на продажба во InventU и ментор на Академијата за продажба.
Новинар – Верица Јорданова
Од неодамна Qinshift најави старт на нова академија, Aкадемијата за Sales & Business Development. Како во порфолиото на Kиншифт Академи ( СЕДЦ), кое најчесто се поврзува со ИТ обуки, се вклопува Академија за продажба и бизнис развој ?
Весна: Академијата за продажба е концепт на кој, морам да признам, размислуваме и работиме подолго време, токму заради желбата да понудиме повеќеслојна програма која одговара на комплексноста на сетот вештини и информации кои ги бараа оваа професија.
Дополнително, сакавме рамка во која умешно ќе се комбинираат традиционалните продажни техники со иновативни дигитални алатки и стратегии, зошто денес не е доволно само добро да се разбере потребата на пазарот, туку и инвентивно да се понудат повеќе алтернативи и функционални канали кои ќе допрат до потенцијалните купувачи.
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/vesna-i.-photo-835x1024.jpg)
Весна: Дали новите технологии ќе ја променат продажбата, онаква каква ја знаеме?
Секако, дигитализацијата и продорот на АИ алатките дополнително ја менуваат продажбата почнувајќи од автоматизација на дел од активностие при продажба и повисоко ниво на персонализација, категоризирање и оценување на лидови, па се до посложени анализи и предвидувања за промени на пазарот, автоматизирано мониторирање на конкуренцијата и сл.
За каква каква програма станува збор и од каде произлезе идејата и потребата за истата?
Михаил: Би започнал можеби со од каде идејата и потребата? Тие произлегоа од фактот што во Македонија не постои соодветно академско образование за оваа област и единствен начин како може да се дојде до кариера во продажба и деловен развој е само преку пракса и работа.
За жал, не сите компании се секогаш спремни да дадат шанса на млади луѓе без искуство или на веќе вработени во сферата со различно искуство од бараното. Тука оваа програма може да пружи одлична шанса да го смениме овој тек.
Програмата ги покрива сите сегменти, стартувајќи од вовед во продажбата и психологијата на продажбата, се имплементира AI, водечки алатки и технологии кои се користат во сферата, се работи на развојни продажни вештини и стратегии, управување со приговори, успешна конверзија и константно подобрување.
Вреди да се напомене дека програмата вклучува и бонус masterclass во делот на вештачката интелигенција во продажбата, справување со стресот на работното место, интернационални примери за успешна продажба и HR препораки за како оваа академија да се претвори во долгорочна кариера.
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/dsc_6802-1024x683.jpg)
Која е целната група на слушатели на Академија за продажба и бизнис развој? Дали се обраќате само на професионалците од овие области или пак може да ја посетувата и лица кои се со желба да влезат во овие индустрии?
Михаил: Дефинитвно и двата профили. Ќе понудиме сеопфатна програма која што може да најде примена и кај почетници и кај професионалци кои сакаат да го надолнат своето знаење и да се стекнат со нови вештини.
Во најавата вели дека оваа Академија е место „каде што го претвораме потенцијалот во перформанс и продажните професионалци во лидери“. Како?
Михаил: Кадарот на ментори е врвен, со огромно искуство позади себе и сериозно продажно портфолио. Студентите ќе имаат прилика да слушнат и да видат од најдобрите како да перформираат на највисоко можно ниво и што е потребно за тоа, автоматски добивајќи детални инструкции како да се биде во тие фамозни 10% од најуспешните продажни професионалци.
Кои ќе бидат предавачи на Академијата и дали планирате истата да биде спој на теорија со пракса?
Михаил: Менторскиот тим е детално избран да ги покрие сите важни аспекти на продажбата и деловниот развој. Можете да ги погледнете на Академијата за Sales & Business Development. Спојот на теорија и пракса, по мене е најефикасен начин за изучување, дефинитивно ќе се примени и тука. Покрај реални примери и вежби при самата теоретска настава, студентите ќе имаат можност и за платена пракса во партнерските компании за директно да се соочат со светот на продажбата.
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/mihael-miloshevikj-1024x683.jpg)
Кои се клучните предности на оваа образовна програма на домашниот пазар?
Ова е прва образовна програма од ваков тип. Горди сме што сме лидери!
Дополнително имаме одличен менторски тим, интернационална акредитација, платена пракса за време на академијата и директно вработување за најдобрите веднаш по завршувањето.
Очекувања oд Академијата?
Михаил: Да прерасне во лидерска образовна програма за продажба и деловен развој во земјата. Да се прошири во локалните земји поради отсуство на соодветна шанса за ваков тип на образование таму и за крај да се изгради еден од водечките Sales Hub-ови во регионот.
На што друго работи Киншифт Aкадеми?
Весна: Покрај одлично етаблираните програми кои успешно опстојуваат на пазарот, годинава портфолиото го засилуваме со уште 6 нови напредни IT обуки и 2 академии – овојпат од областа на развојот на продукти и продажбата, а етапно воведуваме и обуки од областа на вештачката интелигенција.
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/dsc_7067-1024x683.jpg)
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/dsc_6898-1024x683.jpg)
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/02/dsc_6348-1024x683.jpg)