EБРД и ЕУ воведуваат нов вид финансирање за мали и средни фирми во Западен Балкан

- Advertisement -

Целта на програмата што ја започна ЕБОР, со поддршка на Европската Унија (ЕУ), е да ги поттикне иновациите, конкурентноста и одржливиот раст во приватниот сектор на Западен Балкан. Како дел од програмата, ЕБОР ќе додели до 350 милиони евра на партнерски финансиски институции во регионот на Западен Балкан за понатамошно кредитирање на малите и средни претпријатија.

Компаниите ќе можат да го остварат и правото на грантови во висина од десет отсто од износот на кредитите финансирани од ЕУ. Севкупно, ЕУ обезбедува 27,6 милиони евра стимулативни грантови и техничка помош за програмата, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

- Advertisement -

Генералниот директор на финансиските институции на ЕБОР Френсис Мализ рече дека програмата „Go Digital in the Western Balkans“ има за цел значително да го подобри нивото на дигитализација на малите и средни претпријатија, давајќи им можност да станат поиновативни, продуктивни и конкурентни на глобално ниво.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека малите и средни претпријатија (МСП) во Западен Балкан ќе можат да искористат предност од нов вид финансирање преку програмата „Go Digital in the Western Balkans“.

Таа програма комбинира заеми, стимулативни грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии, пренесува Бета.
„Програмата ќе се справи со заостанатиот дел од усвојувањето на дигитални технологии од страна на малите и средните претпријатија низ регионот. Заедно со нашите партнери од финансиски институции и донатори, постигнуваме системско влијание во регионот преку зајакнување на иновациите во секторот за мали и средни претпријатија со цел да изградиме конкурентни и робусни економии за иднината“, рече тој.

- Advertisement -

Од 2009 година, ЕУ канализираше 628 милиони евра преку WBIF за поддршка на растот на приватниот сектор во Западен Балкан, преку грантови, гаранции и комбинирано финансирање, помагајќи да се изградат поиновативни и попријатни екосистеми за бизнисот, се вели во соопштението.

Беше наведено дека ЕБОР е клучен институционален инвеститор во регионот на Западен Балкан со повеќе од 20 милијарди евра инвестирани до денес откако почна да работи во регионот во средината на 1990-тите. Исто така, беше посочено дека приватниот сектор, а особено малите и средни претпријатија, остануваат меѓу клучните области на инвестирање на ЕБОР. Малите и средни претпријатија сочинуваат 99 отсто од сите претпријатија во Западен Балкан и играат клучна улога во исполнувањето на целите на дигиталната и зелената транзиција, нагласувајќи ја потребата од одржливи деловни практики.

Сподели!
- Advertisement -