Збогатете ја вашата празнична трпеза со вкусни и здрави десерти од Виталиа

- Advertisement -

За време на зимските празнични денови, трпезата е често побогата, поразновидна и покалорична од вообичаено. Новогодишните и божиќните прослави се денови за уживање и заедништво, а одржувањето на балансирана исхрана е клучнa за да се чувствуваме енергично и  лесно, а сепак да си дозволиме да уживаме во секој залак. Здравата празнична трпеза не значи откажување од вкусот и задоволството, туку внимателен избор на природни состојки со кои вкусот и хранливите вредности одат рака под рака.

Вкусните десерти се секогаш најслаткиот дел од празничната трпеза, а со вклучување на нутритивно богати десерти, истовремено ја задоволувате желбата за слатко и уживањето станува и здрав избор. Од нутритивен аспект, изборот на квалитетни и внимателно избрани намирници придонесува за подобро дигестивно здравје, стабилно ниво на енергија и чувство на леснотија во организмот. Пример за тоа се веганските протеински кремови од какао, млечните кремови од кикирики или лешник, путерите од јаткасти плодови богати со растителни влакна и без палмино масло. Овие производи користат природни засладувачи како малтитол и стевиа, кои обезбедуваат слаткост без додаден шеќер, па можете да уживате во нив без грижа на совеста. Комбинацијата од протеински крем, суво овошје и природен јаворов сируп богат со минерали освојува уште на првиот залак.

- Advertisement -

Рецепт

Потребни состојки:

- Advertisement -
  • 300 г корнфлекс Виталиа
  • 2 лажици Ливадски мед Виталиа
  • 200г путер од кикирики Виталиа
  • 200г веган какао крем од лешници Виталиа

Подготовка: Се блендира корнфлексот и се меша со путер од кикирики и медот. Се поставува на дното на правоаголен сад. Се прелива со растопен веган какао крем од лешници.

За гурманско уживање, спремете неодоливо и здраво тирамису.  Вашата празнична трпеза треба да приушти уживање во различните вкусови без прекумерно оптоварување на телото. На тој начин, овие магични денови остануваат време за радост, споделување и вкусни моменти, а здравата исхрана станува природен дел од секоја домашна трпеза.

Сподели!
- Advertisement -