Современите климатски научници на Антарктик, се разбира, не ограбуваат села, но како Викинзите, тие се соочуваат со суров терен и екстремни климатски услови. И понекогаш тие мора да ги отстранат забите и слепото црево ако сакаат да учествуваат во антарктички експедиции, според соопштението од Универзитетот Нортвестерн.
На прв поглед, може да изгледа како необична врска, но античките викиншки воини и современите истражувачи на климата на Антарктик имаат повеќе заедничко отколку што се гледа на прв поглед. Како што покажуваат некои филмови, Викинзите биле морнари кои пловеле со долги бродови, носеле темни кожни наметки и ограбувале села. Сепак, помалку е познато дека имале мистични верувања за забите,.
Според The Guardian, во 2011 година археолозите во Англија откриле масовна гробница на викиншки воини чии заби биле изрибани во украсни хоризонтални шари. Истражувачите веруваат дека целта на оваа постапка била да се демонстрира нивниот статус како големи воини и нивната способност да издржат неподнослива болка.
Иако може да изгледа како ледено бела бајка, Антарктикот, најјужниот континент на светот, е едно од најнепристапните и најсуровите места на планетата. Врнежите се ниски, но ненадејните снежни бури се чести. Силни ветрови безмилосно дуваат низ замрзнатата пустина, честопати без предупредување. Сето ова е дополнително влошено од забрзаното глобално затоплување, кое го прави континентот уште понепредвидлив и поопасен.
Колку и да звучи чудно, токму оваа непредвидливост претставува сериозен ризик за истражувачите кои имаат умници. Затоа речиси секој научник кој оди на терен на Антарктикот е должен да ги отстрани умниците пред да патува.
„Умниците можат да бидат сериозен проблем ако станат болни додека сте на Антарктикот. Сите станици имаат обучен медицински персонал, но оралната хирургија не е опција на терен. Затоа, речиси секој што патува на Антарктикот веќе ги има отстрането умниците“, објасни Кевин Питерс, постдокторски истражувач кој поминал време на Антарктикот, во статија за списанието Science.
Питерс вели дека иако ги поминал сите други медицински прегледи, вклучувајќи тестови за вид, крв и физичка подготвеност, но морал да ги отстрани умниците за да се приклучи на теренскиот тим.
(Bizlife)




























