Најк отпушта уште 1.400 работници

- Advertisement -

Американскиот производител на спортска обувка и опрема Најк објави нова рунда отпуштања што ќе опфати приближно 1.400 вработени низ целиот свет, што претставува помалку од два проценти од глобалната работна сила на компанијата.
Отпуштањата се однесуваат на вработените во Северна Америка, Азија и Европа, објавува CNBC.

Компанијата вели дека намалувањата се дел од планот наречен „Победи сега“, кој има за цел да ги реорганизира технолошките тимови, да ги модернизира производствените процеси и да ги интегрира синџирите на снабдување за да го забрза растот и да ја зголеми ефикасноста.

- Advertisement -

Ова е втора рунда намалување на бројот на вработени во краток период, бидејќи Најк веќе отпушти околу 775 работници во јануари, првенствено во логистичките и дистрибутивните центри во Соединетите Американски Држави, додека дополнителни помали корекции беа направени во корпоративните тимови минатата година.

Американската компанија предводена од извршниот директор Елиот Хил се обидува да ги стабилизира операциите по период на послаб раст на продажбата. Најк, и покрај подобрувањето на некои резултати, предупредува дека очекува пад на приходите во наредните квартали, особено во Кина, каде што се најавува пад од дури 20 проценти во тековниот квартал.

- Advertisement -

(B92)

- Advertisement -